Покачените цени на гасот и струјата ќе го поскапат и лебот. Првиот човек на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, смета дека тоа ќе се случи веројатно по 31 јануари, откако ќе помине рокот за замрзнување на цените:
Во пекарската индустрија, четирите најголеми пекари работат на гас. Ако минатата година плаќаа 25 денари за нормален метар кубен гас, сега плаќаат 75 денари. Има пекари чиј годишен трошок лани за гас бил 100.000 евра, ова значи дека годинава ќе им биде 300.000 евра. Ваков раст на цени никој не може да издржи – оценува Малишиќ.
Единствен начин покачувањето на цените на лебот да се избегне и да се одржи односот на цените и на опстанокот на компаниите , според пекарите е продолжување на државата помош за компаниите.