-1 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

Претстои легализација на криптовалутите во Македонија

Владината Предлог програма  на манадатарот Димитар Ковачевски   ги содржи и се попопуарните  крипто валути.

Тие досега не беа забранети во Македонија, но нема закон со кој се регулира нивната употреба. Поради ова,  идната влада планира да донесе закон за нивна регулација, со кој ќе се воведе и оданочување.

Сакаме да се приклучиме на новите глобални текови, кои сериозно прогресираат и во најразвиените финансиски системи. Владата на Република Северна Македонија ќе им овозможи на граѓаните кои поседуваат биткоини или други стабилни криптосредства да ги разменуваат на легален начин, а домашните компании да вршат трговија кон странство во криптосредства кон своите добавувачи, стои во владината предлог-програма.

Досега, легализавија на криптовалутите имаше од повеке асоцијациии  но најконкретни беа од НУК.

Формалното решение ќе ги следи регулативите и препораките на Европската Унија за регулирање на пазарот на крипто средствата. Во овој контекст ќе се воведуваат и решенија за заштитни механизми против евентуални злоупотреби, како и во однос на спречување на перењето пари и намалување на неформалната економија. Проценка е дека во моментов  во Македонија има околу 50 000 т.н. Машини за  копање  на криптовалути.

Формализацијата на тргувањето со криптовалути ќе донесе и даночен прилив во економијата, стои во програмата.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,145FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles