Опрема за справување со пожари, последици од пожари, како и лична заштитна облека добија членовите на Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, како донација од Германската амбасада.
Доброволните противпожарни друштва, беа значаен дел во справувањето со летните пожари, со што го привлекоа вниманието на пошироката јавност.
Претходно, амбасадорката имаше средба со градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев.
Амбасадорката се запозна и со економските и социјални прилики во општината , како и со сегашните и идните проекти кои се реализираат или се во план на реализација.