На пресот на градоначалникот Иван Јорданов реагираа од СДСМ:
Овој проект е во целост изготвен од страна на претходната локална власт, а истиот се реализира со помош на Министерството за транспорт и врски. Со овој проект не се зголемува бројот на нови паркинг места, како што Јорданов тврдеше, туку се ослободува уште една дополнителна коловозна лента.
Иронична е неговата денешна прес конференција на дел од веќе изградените пешачки конзоли, а времето ќе покаже колку е способен да го реализира до крај.