Со тренинзи започна женската ракометна екипа на Астибо. Тренинзите се одвиваат во салата на ОУ Тошо Арсов..
„Во екипата се вклучи и Сара Тодева, која потекнува од нашата ракометна школа во Штип. Но имавме и еден пех. На еден натпревар во првенството се повреди Бојана Јованова. Таа се уште не ја санирала повредата. Очекувам успешни резултати во Супер лигата во продолжението од првенството. Убеден сум дека годинава ќе имаме и поддршка од локалната самоуправа да ја вреднува нашата работа во оваа година…“- изјави тренерот Дејан Величков