Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување. Тој рече дека Отворен Балкан е позитивна иницијатива, но оти треба да ги вклучи сите земји, бидејќи практично не функционира без сите земји од регионот. Во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка, Ескобар ги повика лидерите од регионот на помирување.