Со попусти, гратис храна и пијалоци и други награди, Владата планира да ги стимулира младите да се вакцинираат.
Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски, за првпат се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека одвај 20 % од лицата меѓу 20 и 40 години се вакцинирани, што е исклулчително низок процент. Дополнително, интересот за вакцинација со прва доза вакцини , наместо да се зголемува, се намалува.
Мерките на Владата се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните. Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, , стои во владината програмата.
Инаку, последните неколку недели, најгоолем процент од инфицираните се млади луѓе на возраст помеѓу 20 и 35 години.