-3.7 C
New York
Sunday, January 23, 2022

Buy now

spot_img

Синдикатот нема време за чекање.Закон за минимална плата бара веднаш

Синдикатот нема време за чекање и донесување на Закон за минимална плата бара веднаш,  потенцираше денес претседателот на ССМ Дарко Димовски:

Нашата цел за оваа година е донесување на измена на законот за минимална плата со која минималната плата нема да може да биде пониска од 60 проценти од просечната плата во државата со што ќе се обезбеди егзистенцијалниот минимум за најниско платените работни места, вели Димовски.

Како аргумент плус за итноста на состојбата, синдикатот го потенцираат порастот на трошоците на живот и падот на животниот стандард.

Сите оние кои се против, или го одложуваат растот на минималната плата на 18.000 денари, ги охрабруваме да пробаат еден месец да живеат како 110.000 работници во државата , потенцира Димовски.

Од друга страна, работодавачите имаат други аргументи зошто минималната плата не треба да биде 60 % од просечната:

Инаку, вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  истакна дека минималната плата ќе се зголеми од сегашните 15.200 денари на 18.000 денари, но дури откако ќе се постигне  договор помеѓу Владата, синдикатите и работодавците.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,134FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles