27.9 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Кровна конструкција синоќа гореше на улица Цветан Димов во Штип

Кровна конструкција синоќа гореше на улицата Цветан Димов во моменти кога семејството дома било собрано за Стара Нова година. Велат дека огнот на нивниот покрив дошол на прсти. Сеуште во шок од она што се случи, не верувајќи дека ова може ним да им се случи токму за стара нова година…

“Сеуште сме во шок. Слушнавме како некој да гази по покривот. Излегов да видам да не има некој на покривот, но се стаписав во место. Наместо човек од керамидите излегуваше густ чад” изјави оштетената граѓанка…

Навремената реакција од соседите кои повикале противпожарна екипа и мошне брзата реакција на пожарникарите, семејството на Митеви ја сочувало поголем дел од куќата освен дневната соба, што е потполно уништена.

“Под тежината на водата од противпожарните шмркови, целиот плафон се урна врз мебелот и се е уништено. Среќа за брзата интервенција наша, на соседите, но и на пожарникарите, само една од собите сега веќе не е во функција” дополни оштетената граѓанка…

За час и половина, пожарникарите успеале да го изгаснат оганот, не дозволувајќи негово ширење.

Апелот од пожарникарите до граѓаните останува на сила. Да обрнат поголемо внимание кон исправноста на оџаците и електричната инсталација со единствена цел да не доjде до вакви несакани ситуации. Во меѓувреме, оштетеното семејство Митеви до санирање на штетата, се смести кај блиски роднини…

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles