-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Работници се жалат кај Синдикатот за неисплатено К 15. Парите си ги бараат веднаш

Работници претежно од текстилниот сектор, се жалат кај Гласен Текстилец за неисплатени К 15. Законската обврска на фирмите беше до 31 декември, но од пријавите станува јасно дека таа не е испочитувана:

Речиси секојдневно имаме жалби од работници, главно од тексилната индустрија и градежништвото, дека не добиле надомест за К 15 или дека истиот им е исплатен во многу помали суми, велат од Синдикатот.

Поради ова, Синдикатот  реагирал итно и сите пријави се проследени до Трудовиот инспекторат:

Очекуваме до крајот на овој месец, Инспекторатот да постапи по пријавите и да реагира кај работодавачите, потенцирата од Синдикатот.

Потврда дека , обврската К 15 некои фирми не ја извршиле има и ТВ Стар, каде работници исто така се пожалија

Очекувавме барем оваа година  К 15 да добиеме во пристоен износ, а не да бидеме жртви во манипулациите кои за жал законот ги дозволува, велат работници на кои им е исплатен несериозен износ.

Колку работници не добиле К 15 или го добиле во понижувачки износ, засега е непознато, но очигледно е дека праксата на непочитување и злоупотреба на Законот кој го регулира ова работничко право, продолжи и овој пат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles