Вековната традиција и оваа година продолжува во делчевско Ѕвегор. Уште рано наутро суроваскарите ги ставија маските и заечеа зурли и тапани и им посакаа на ѕвегорци сурова, зелена и здрава Стара нова година.
Од невеста и младоженец до мечка и волк,седумдесетина маски и оваа година дефилираа низ селото,притоа не одминувајќи ниту една куќа.
Традиционално секоја година така и оваа после дефилето се оди на ручек кој што е подготвен од кумот. На вечерата сите маски паѓаат и се открива невестата што е криена цел ден,бидејќи нејзиното порано откривање значело несреќа.
Вообичаено на овој ден доаѓаа гости од цела држава и странство, но оваа година се почитуваа соодветните ковид протоколи.