-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Денес и утре се избира нова влада

Денес и утре пратениците во  Собранието расправаат по единствена точка на дневен ред – Избор на Влада на Македонија.

Новата влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.

Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана, а членови на Владата нема да бидат ниту досегашниот министер за здравство, Венко Филипче, министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, и министерката за култура Ирена Стефоска.

На нивните места треба да дојдат Бојан Маричиќ како вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска во Одбрана, Беким Сали од Алтернатива ќе раководи со Здравство, Јетон Шаќири ќе го преземе Образование, Јована Тренчевска Труд и социјална политика, а Бисера Костадиновска Стојчевска ресорот култура.

Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи од оваа партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората.

Во новата влада на Ковачевски останува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а ново име е Славица Грковска која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал. Со ресорот правда треба да раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски . Во МВР останува досегашниот министер Оливер Спасовски, а функциите ги задржуваат и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, за финансии и за економија, Бујар Османи , Благој Бочварски ,  Фатмир Бесими  и Крешник Бектеши.

Во Министерството за локална самоуправа останува и понатаму Горан Милевски, а нема промени и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде останува досегашниот министер Насер Нуредини . Во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и понатаму ќе раководи Артан Груби , а во  Министерството за земјоделство се враќа Љупчо Николовски.

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles