За 1,5 милион евра Народна банка склучи договор за печатење на банкноти во вредност од 1.000 и 2.000 денари. Договорот е склучен на 22 декември со англиската компанија De La Rue Internacional Limited. Поголемата набавка во вредност од 957 243 евра се однесува за печатење на банкноти во вредност од 1.000 денари. Со втората набавка во висина од 498 287 евра ќе се плати печатењето на банкнотите од 2.000 денари.