22.8 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Од оваа година, за неактивниот имот, граѓаните ќе плаќаат тројно поголем данок

Тројно поголем данок ги очакува граѓаните за плаќање оваа година за целиот неактивен недвижен имот. Ова, на пример, се однесува на стан или куќа кои ги поседувате, а во нив не живеете, необработувано земјоделско земјиште и слично.

Според законот кој на сила стапува годинава, а кој беше донесен во 2020 година, одделенијата за данок во општините треба да изготват соодветни и нови решенија:

Основната стапка на данокот на имот е пропорционална и останува иста од 0,10% до 0,20%. Но, советите на општините кои по закон ги утврдуваат стапките на данокот на имот, ќе треба да утврдат нови стапки зависно од тоа дали имотот се користи или не. За земјоделско земјиште што не се користи општините ќе треба да наплатат три пати повисок данок на имот од пропишаното, односно да утврдат три пати повисока стапка. Исто така, и имотот кој граѓаните, фирмите, државата или општините не го користат подолго од шест месеци, ќе се оданочува со три пати повисока стапка од пропишаната“, стои во измените на Законот за даноци на имот.

Освен ова Законот ги обврзува граѓаните, сами да го пријавуваат имотот кој не го користат:

Сопствениците на имотот (граѓани, фирмите, општините и државата) ќе треба да го пријават имотот што не го користат, а ако не го сторат тоа ќе платат данок на имот со стапка повисока за пет пати од пропишаната“, предвидува Законот.

Освен повеќе пари за општините, има ли во овој закон и друга поента, а тоа е да се поттикнат сопствениците д аго користат имотот или да го продадат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles