Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на Ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот. Ако е можно, нема да ги заостриме сегашните мерки и се надеваме дека ќе го минеме овој бран со почитување на сегашните мерки, изјави Јанша за Словенечката телевизија, но додаде дека земјата е доведена „до раб“ поради големиот број заразени што се должи на релативно ниската стапка на вакцинација.