15.5 C
New York
Saturday, September 30, 2023

Buy now

spot_img

7 тони отпад извадени од езерото Калиманци

Група од петнаесетина волонтери поддржани од вработени на комуналното јавно претпријатие „Камена река“ од Македонска Каменица за два дена исчистија околу 7 тони отпад од најголемото вештачко езеро на македонскиот исток „Калиманци“.

Само за еден ден  се собрани 22 вреќи отпадна пластика од кои секоја тежи во просек по 200 килограми.

Акцијата траеше два дена, а организаторите најавуваат слични акции и во иднина, доколку за тоа има потреба:

Од концесионерот, риболовното друштво Шаран, побараа поголем ангажман од локалните и државни инспекциски служби за ставање ред со загадувањето на езерото Калиманци.

Инаку, Калиманци со капацитет за акумулација на 120 милиони м/3 вода е најголемата акумулација на Истокот која освен за наводнување, служи и за риболов, бидејќи е богата со повеќе видови на риба.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,875FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles