Директните летови меѓу Скопје и Софија, кои ги договорија министрите за транспорт и врски на Македонија и Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев при посетата на бугарската владина делегација во вторникот, најверојатно ќе ги изведува бугарската стартап-компанија „Гуливер“, објави бугарскиот портал „Сега“.
Плановите на компанијата, всушност, не се само да се поврзат Скопје и Софија, туку планирани се повеќе авиолинии од повеќе балкански градови до главниот град на Бугарија, од каде што ќе се лета за Њујорк и Торонто.