На 16 овој месец, спортски качувачи на карпи и алпинисти, од Штип и Струмица се искачија на врвот Чичи Каја на планината Кожув, висок 1767 метри. Учесници во оваа акција беа Бобан Стојанов од Алпинистичкиот клуб „Асторијан,“ Јован Иванов спортско качувачки клуб „Астибо“ и струмичаните Александар Дончев и Горан Јорданов од Алпинистичкиот клуб „Скала“ Сите тие се подготвуваат да се искачат на некои од врвовите на Алпите и Хималаите. Македонските врвови им се само како тренинг за идните големи потфати.