Оризарите се нервозни од предолгото чекање и многуте ветувања за помош од Владата и од Премиерот Димитар Ковачевски бараат итно на разговор да ги прими до понеделник.
Доколку и овој пат нивните очекувања бидат изневерени тие итно ќе се организираат и наредната недела ќе ја започнат со протести.
Тензијата кај оризопроизводителите е присутна константно но,тврдат дека социјалниот момент кулминира во зимскиот период бидејќи пари не им доаѓаат од никаде а преку летото работеле чесно.
Од друга страна, во врска за најновите закани со протести од кабинетот на Премиерот изјавија:
До овој момент писмено барање за средба со миинистерот Николовски од страна на орисопроизводителите нема пристигнато. Сепак, од понеделник ќе се конкретизиора денот за разговор помеѓу оризопроизводителите и министерот, стои во писмената информација од МЗШВ…
Во прашање се 3.800 оризопроизводители и 14.000 тони се уште непродадена арпа и ориз.