Решен проблемот со уличното осветлување во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Истите биле резултат на неколку децении старата, дотраена и честопати оштетувана електрична инсталација. Од Општината започнаа со мапирање на сите локации каде треба да се постават нови улични светилки, како и со изработка на проектна документација за поставување на нова електрична инсталација.