Дел од министрите во Владата на Црна Гора се приклучија на синоќешните протести на граѓаните кои се против најавеното формирање малцинска влада предложена од актуелниот вицепремиер Дритан Абазовиќ. Во Собранието на Црна Гора на 4 февруари е закажано гласање за недоверба на актуелната Влада а од поднесувањето на предогот во Подгорица и во неколку други градови се одржуваат едночасовни вечерни протести.