Со материјална штета, но за среќа без повредени или евентуални човечки жртви се случаите на опожарување на куќи во Кочани и Делчево. Првата интервенција ја имале кочанските пожарникари на куќа на ул. Роза Петрова, сопственост на 65 годишниот С.А. Пожарот е изгаснат. Неколку часа подоцна интервенција имале и пожарникарите од Делчево каде гаселе запалена куќа во делчевското село Звегор, сопственост на 81 годишниот П.Г.Увид во двата случаи извршиле увидни екипи на кочанската и делчевска полициска станица…