На само неколку денови пред неговиот 86-ти роденден, денес во Скопје почина маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор со потекло од Штип.
Целиот свој работен век, Џамбазов го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент и на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди.
Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје
Негов син е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов , кој ја потврди веста за неговата смрт:
„ Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов.