15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Настава од вторник ќе започне во клупи, децидни се од МОН. Синдикатот и понатаму инсистира на онлајн

Второто полугодие ќе започне според предвиденото, на 01 февруари со физичко присуство на учениците, децидни се од Министерството за образование и наука.
Сите одлуки околу начинот на организација на наставата во услови на пандемија секогаш се носат врз основа на насоките и препораките кои МОН и Владата ги добиваат од Комисијата за заразни болести како тело задолжено за координација на сите мерки и активности за спречување на ширењето на заразата предизвикана од ковид-19, земајќи ги притоа предвид и препораките на УНИЦЕФ, стои во соопштението од МОН.
Одлуката на МОН засега не ја поколеба, ниту реакциите на дел од родителите ниту инсистирањето на СОНК за старт на наставата со онлајн педавања.
И дел од лекарската фела е на ставот дека отворањето на училиштата на 1 февруари е ризично.
Сѐ уште има време Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие. Една од опциите е наставата да почне на први февруари, но со он лајн настава, а од 15 февруари наставата да продолжи со физичко присуство, смета епидемиологот Никола Пановски.
Време за евентуално преиспитување на одлуката има само уште три дена. Веќе во вторник, стартува второто полугодие, откако претходно Владата истото го продолжи за две недели поради епидемиолошката состојба.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles