Штипскиот второлигаш КК Соколи, има големи шасни годинава да се врати во елитното друштво. Чаир води на табелата со бод повеќе од Соколи. На стартот, утре во 15 часот, КК Соколи игра во Македонска Каменица со Кам Баскет. Во првата средба во Штип беше доста „густо“ за штипската екипа. Сепак, на крајот победи.
„Во нашата екипа се враќа Даниел КАЛОВ. Комплетни патуваме во Каменица. . Добро се подготвувавме и очекувам победа ,,,“- вели првиот човек на КК Соколи Томче Томов.