За само три дена, на 31 јануари, истекува рокот на замрзнати цени за кои Владата се одлучи во намерата да го сопре неконтролираното поскапување на основните животни намирници.
Стравот кај граѓаните дека можат да се соочат со шоковно високи цени е реален, бидејќи производителите и трговците секојдневно ја аргументираат потребата од повисоки цени на нивните производи. Од овие причини , евентуалното одмрзнување на цените за граѓаните е еднакво на пуштање на злото.
Ова е страната на потрошувачите и неа цврсто ја држат и од Синдикатот и од Организацијата на потрошувачи, бидејќи се со идентично мислње дека со животниот стандард игра нема.
Сепак, ова е едната страна , но непомалку важна е и другата, бидејќи не предолго на пазарот можат да функционираат од државата контролирани цени.
Сите овие дилеми остануваат отворени на неодредено време, но Владата низ соопштение најави дека не е отсутна и дека ситуацијата ја следи:
„ Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, велат од Министерството.
Во одлуката за замрзнување на цените во изминатиов период, меѓу останатите, влегоа лаб, брашно, млеко, месо и преработки, јајца и ориз.