Засега нема минимална плата од 18.000 денари. Владата и Синдикатот не постигнаа договор на денешната средба на која покачувањето на минималецот беше едно од клучните барања:
Втора и последна шанса за покачување на минималната плата Синдикатот на Владата и дава во среда, за кога е закажана нова средба, на која ќе присуствуваат и претставници на работодавачите
Од друга страна, непосредно пред средбата со Синдикатот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека зголемувањето на минималната плата е дел од владината програма
Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на Националниот сервис.