Тротоарите од снег во Штип отсега ќе се чистат машински. За ова намена, по пат на донација вредна 9.000 евра веќе се набавени првите две мешини, кои се подготвени во функција да се стават веднаш.
Со новата механизација експресно и ефективно ќе се чистат тротоарските површини од снег, но и патеките во селата.
Првите две машини се планирани за чистење во централното градско подрачје.
Со останатите три, кои ќе пристигнат деновиве, ќе се чистат деловите од приградските населби.