15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Иницијатива на советници од ВМРО во Виница. Општината под итно да  преиспита  договори за концесии и црпење на песок

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата за Обнова на Македонија, денес поднесе две инцијативи до Советот на општина Виница. Се бара под итно да се преиспита  концесијата на минерална суровина-геотермални води на локалитетот “Истибања” во општина Виница и да се изврши вонреден инспекциски надзор за експлоатацијата на песок во река Осојница:

Постои сомневање дека концесионерот нема инсталирано систем за евиденција на потрошена геотермална вода . Во делот на ископ на песок од Брегалница, жители на село Јакимово реагираат дека , за нив непознати лица вршат ископ и го нарушуваат природниот тек на реката, стои во образложението.

Поради ова се бара итно утврдување на количините на потрошена геотермална вода,  анализа на наплатата како и анализа на динамиката на наплата. Во делот на песокот од Осојница, се бара утврдување на тоа дали има концесионер, и дали се сптоведуваат сите обврски за заштита на животната средина“, изјави Александар Јованов, координатор на Советничка група на ВМРО ДПМНЕ – Виница.

Барањето на советниците е веќе доставено до Советот и се очекува, за истото, да се расправа на првата седница.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles