15.1 C
New York
Tuesday, May 17, 2022

Buy now

spot_img

Водата од Злетовица се поблиску до Штип. Договорот за преземање ќе се потпише, наредната недела

Водата од Злетовица се поблиску до Штип. Договорот за преземање директорите на Исар и Злетовица, Трајче Здравков и Миле Илиев,  ќе го потпишат наредната недела, откако претходно ќе се усогласат сите точки од истиот:

Очекувањата се дека првите количини на вода од Злетовица во Штип ќе пристигнат на почетокот на март. Во меѓувреме, следува тест период за примање и обработка на водата од ХС Злетовица.

Изминатите неколку месеци, Штип ја адаптираше филтер станицата за прифаќање и третман на површински води. Со направените измени, створени се услови за обработка на 300 до 500 литри во секунда вода од Злетовица.

Колкави количини ќе се преземаат, ќе зависи од потребите на градот и е предмет на договорот кој треба да биде потпишан.  Првичната цена за метар кубен е 4.79 денари, со напомена дека во наредните години цената благо ќе се намалува.

Со користење на водата од ХС Злкетовица, штипски Исар ќе биде првата општина во двржавата која во функција ќе има два паралелни система за водоснабдување – бунарски и површински.

За користење на водата од Злетовица ќе се троши многу помалку струја што значително ќе ги намали трошоците околу прием, обработка и дистрибуција на водата во водоснабдителниот систем на градот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,313FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles