Во Словенија од вчера не можат да се купат вињетки кои ќе се лепат на ветробранското стакло, туку патарините ќе се наплаќаат исклучиво со е-вињетки. Купувањето се одвива во неколку чекори, а во прашалникот треба да се внесат бројот и земјата на регистарските ознаки и адресата за е-пошта, на која ќе биде испратена потврдата за плаќање. Купената вињетка е поврзана со регистрацијата на возилото и не може да се пренесе.