Со 1:3 во сетови синоќа заврши пријателската средба помеѓу штипскиот ОК УГД Штип и скопски Вардар. Иако загубија штипските одбојкари покажаа квалитетна игра и дека се достојни за реализација на врвни резултати. Во сите сетови се играше квалитетна одбојка Вардарци за нијанса беа подобри, а тоа го покажуваат и сетовите 18-25, 22-25, 23-25, 25-19. Тренерот на УГД , Ванчо САНЕВ им даде шанса да заиграат и младите одбојкари и сите тие ја оправдаа довербата.