На денешната седница на хрватскиот национален совет беа избрани новите дизајни на хрватските евро-монети.
„Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска. Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла“, рече Пленковиќ на седницата.
На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50 и 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата.