Бугарскиот премиер, Кирил Петков денеска дојде во Обвинителството на распит за имињата што ги спомна на средба со главниот обвинител Иван Гешев. Обвинителството пред неколку дена соопшти дека на средба премиерот посочил имиња и прекари на лица кои според него се основа на криминалот во таа држава и против кои не се преземени потребни дејствија за да се бараат кривична одговорност.