Одделенијата за даноци при општините, ги известуваат физичките и правните лица дека согласно законските измени, се должни да ја пријават сопственоста на земјишта и објекти кои не ги користат или не ги издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на една година. Физичките и правните лица кои нема да ги пријават земјиштата и објектите што не ги користат или не ги издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, ќе бидат задолжени со данок на имот по стапка пет пати повисока од пропишаните стапки.