Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва, а загинатиот најверојатно е возач на едно од возилата . Од СВР-Штип, ја потврдуваат информацијата , но засега повеќе детали нема.
Според информациите од терен дошло до судир меѓу возило со радовишки регистерски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец.
Во тек е увидот, а несреќата во Полициска станица-Штип е пријавено околу 15.00 часот. Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат.
Експресниот пат Штип – Радовиш во употреба е пуштен пред неколку месеци и е граден по сите европски стандарди. Ова е прва сериозна несреќа од неговото ставање во употреба, а причините дополнително ќе се утврдат.