Штип годинава ќе добие мерна станица од Државниот мониторинг за следење на квалитетот на воздухот. Станува збор за станица која мери неколку параметри, вклучувајќи ПМ 10, ПМ 2.5, јаглероден моноксид, озон, сулфур диоксид и азот диоксид. Квалитетот на воздухот во Штип досега се мереше преку мерна станица поставена од УГД.