За 100 дена, општина Карбинци со 100-ка вози во рикверц, а се фали со туѓа работа и проекти, реагираа со соопштение од СДСМ, по вчерашниот отчет на градоначалникот Виктор Паунов:
Неспособната локална власт за 100 дена се обидува со манипулации и лаги да прикаже работење. Треба да бидат доблесни и да кажат за реализираните проекти колку пари чинат, од кои извори на средства и од кое време се обезбедени. Се китат со проекти и активности кои беа започнати, а дел и завршени од претходната локална власт предводена од СДСМ. Колата на вмро не оди во вистински правец а општина Карбинци е уназадена за 100 дена, стои во соопштението.