Во Италија во голема меѓународна акција разбиена е криминална мафијашка организација чии членови биле Албанци. Организацијата шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Во операцијата уапсени се 45 лица и извршени се претреси на 80 локации при што се запленети дрога,оружје и имот вреден два милиони евра. Во акцијата учествувале околу 600 полицајци и специјални единици на меѓународно ниво.