Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски предизвика голем револт во Европскиот парламент, откако своите колеги ги поздрави со нацистички поздрав при напуштањето на салата. На ова реагираше претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола која напиша дека фашистичкиот поздрав не е прифатлив во никој случај и тоа мора да остане во најтемната наша историја. По сите бурни реакции Џамбаски се огласи и се извини за таквиот потег , нарекувајќи го поздравот обично невино мафтање кое не треба да навреди никого.