Ако до 15 март, платите во образованието не се покачат, односно не се усогласат со порастот на минималната плата, учителите ја прекинуваат наставата и излегуваат на штрајк, најави денес претседателот на СОНК Јаким Неделков:
Според СОНК, ваквиот модел веќе се применува во културата и тој итно морало да се примени и во образованието:
Пред три дена министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека е отворен за комуникација со СОНК за нивното барање за покачување на платите на наставниците:
Во моментов, основната платата на наставниците изнесува 24.000 во основното и 24.500 во средното образование. Според пресметките на минималната плата со бројот што се множи со коефициентот за сложеност на работно место, излегува дека платата на наставниците треба да изнесува 45.054, додека на професорите 45.594 денари.
Во моментов, во Државата има 26.000 наставници во основното и средното образование и за три години нивниот број е згоемен за 3.300.
Од друга страна, бројот на ученици изнесува 240.000, што е за 70.000 помалку од пред три години.