Во текот се градежни активности на улица “Карпошова” во македонска Каменица каде се решава проблемот со водоснабдување. Четири нови корисници се приклучени на градскиот водовод. По решавањето на проблемите со обезбедување на квалитетна вода за пиење и приклучување на канализациона мрежа, општина Македонска Каменица ќе започне постапка за изградба на улица “Карпошова”, за која веќе во наредниот период ќе се решаваат и проблемите од имотно-правен карактер.