Во министерството за надворешни работи е формирана работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 до денес и ќе подготви компаративна анализа. Целта на анализата е да се проверат сите детали и околности под кои се упатувани, како и квалитетот на кандидатите кои ја претставуваат земјата во странство. По завршувањето на анализата, таа ќе биде презентирана во јавноста.