Две третини од градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани се целосно завршени и работите овде се одвиваат со очекувана и планирана динамика. Ова е констатација по денешниот увид на работите, направен од премиерот Димитар Ковачевски, министерот Благој Бочварски и директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми:
Делницата Штип – Крупиште пак, веќе е во употреба. Вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри:
Во изминатите 4 години, во изградба и реконструкција на патишта во Источниот регион се инвестирани над 200 милиони евра:
Со изградбата на овие патни правци се создават брзи патни врски помеѓу Источниот и централниот дел на државата како и кон граничниот премин кон Бугарија.