Поради густа магла утрово на автопатот Белград-Нови Сад дошло до верижен судир на наплатната рампа кај Стара Пазова. Едно лице загинало, а најмалку шест се повредени. Според српските медиуми на повредените им била укажана помош на самото место. Во судирот учествувале повеќе од 30 возила, а меѓу возилата имало со странски и домашн регистарски таблички.