За само 3,5 месеци ЈП Плачковица од Карбинци повторно е функционално и на нозе изјави денеска градоначалникот Виктор Паунов
Поради досегашната максимална тешка состојба и блокадата на сметката од повеќе доверители дојде и до задоцнување во редовната исплата на плати. Станува збор за два лични доходи за кои општинските власти изнајдоа решение.
Во однос на плаќање на пристигнатите сметки за потрошена електрична енергија, Паунов нагласи дека тие ќе се подмират навреме со правилна распределба на постојните средства на претпријатието. Во ова претпријатие вработени се 15 лица, а комунални услуги тие овозможуваат во 20 села.