Барањата на одгледувачите на овци во кои своj интерес наоѓаат и ветеринарите се усвоени и на тој начин е постигнат договор со Мин. за земјоделство.
Новата системска мерка за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе продолжи во текот на цела година, а не само до мај како што беше досега. На нивно барање основната субвенција во износ од 1200 денари по грло продолжува, информираат од Мин. за земјодлество.
Постигнатиот договор на овие сточари им ја отвора перспективата за постабилно производство и елиминирање на дел од неизвесноста.
Паралелно со ова, ваквата одлука ги засега и ветеринарите, кои минатата недела од Штип реагираа на намалувањето на субвенциите во сточарството:
Субвенциите во случајов се однесуваат за околу 150.000 овци