За три месеци во Зрновци се изработени проекти и технички документации за неколку проекти предложени од граѓаните. Комплетна документација е изработена за прочистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во село Зрновци; Дренажен зафат за постојано водоснабдување во село Мородвис; Прочистителна станица за отпадни води во село Видовиште; Зафат за акомулирање на вода во село Мородвис; Изградба на резервоар за вода во село Зрновци. Во фаза на изготвување се 5 Сообраќајни проекти кои ќе бидат основ за започнување на реализирање асфалтирање на 3 улици и 2 локални патишта во трите населени места.