Од ССМ порачуваат дека внимателно ќе ја следат имплементацијата на Законот за минимална плата и предупредуваат дека доколку работодавачите од приватниот сектор, локалната и централната власт не постапат согласно член 8 од Законот за минимална плата, ќе бидат принудени да преземат постапки пред надлежните државни органи. Ќе бидат поднесувани и кривични пријави против работодавачите кои свесно ќе ги намалуваат работничките права и нема да ги почитуваат Законот и колективните договори особено во делот на зголемување на платите.