Европската комисија синоќа го претстави инвестицискиот пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект за поврзување во транспортниот, дигиталниот, климатскиот и енергетскиот сектор во Западен Балкан. Тоа е прв пакет проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан усвоен од Комисијата во октомври 2020 година. Тие проекти треба да донесат опипливи придобивки за сите шест партнери во регионот.